HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Сексот - табу тема?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Diva

avatar

Мислења : 70
Регистриран : 2010-01-04

ПишувањеПредмет: Сексот - табу тема?   Јануари 4th 2010, 03:14

Мислите ли дека во Македонија сексот е се уште табу тема? Непријатно ли ви е да зборувате за тоа како водите љубов со вашиот партнер или слободно кажувате дека претходниот ден сте имале секс? До кој степен мислите дека е соодветно да се зборува на оваа тема и која е границата на интимност што не треба да се поминува?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Publisher

avatar

Мислења : 67
Регистриран : 2010-01-02
Возраст : 25

ПишувањеПредмет: Re: Сексот - табу тема?   Јануари 4th 2010, 03:58

Не само сексот, туку и многу други работи кај нас се табу тема.
Од време на време помислувам дека тоа е така поради фактот дека сме малку поназад во психолошкиот развој од остатокот на светот.
Не ми е непријатно да зборувам за сексуалниот живот со пријателите, но сигурно дека ми е многу непријатно истиот муабет да го водам со родителите.
Не за друго, нивното воспитување е далеку поразлично од моето. Нив би им било неугодно, а јас не сакам да се чувствуваат така кога разговараат со мене.
Сепак, сексот е интима и не треба сите детали да се раскажуваат наоколу.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://checkthisout.forumotion.com
Alexis

avatar

Мислења : 4
Регистриран : 2010-01-02

ПишувањеПредмет: Re: Сексот - табу тема?   Јануари 6th 2010, 16:07

Мислам дека сексот и треба да е табу тема затоа што сепак е интимниот дел од животот на човекот. Не би било во ред да се отвараме пред секој за тоа како ние сме го правеле, со кого и кога.
За сексот разговарам исклучиво само со пратнерката.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Lilith



Мислења : 1
Регистриран : 2010-01-08

ПишувањеПредмет: Re: Сексот - табу тема?   Јануари 8th 2010, 19:37

Воопшто не ми е непријатно да зборувам на таа тема зашто сметам дека сексот е нормална работа и не му се притресувам многу.
Секако дека не би му раскажувала на секој што правам со партнерот, но не ми пречи за тоа да им кажувам на најблиските пријатели.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Descendant

avatar

Мислења : 9
Регистриран : 2010-01-05

ПишувањеПредмет: Re: Сексот - табу тема?   Јануари 8th 2010, 20:46

И покрај тоа што сексот претставува интимен момент чии детаљи треба да останат во спалната, кујната или било каде и да се случил, не е ништо лошо доколку споделиме со некогодека сме го имале тој момент. Значи не правиме ништо лошо ниту противзаконски, па да треба да го криеме. Сексот пртставува нормална природна работа, закоја треба да се зборува сосема отворено, а со самото тоа би се спречило сите неискусни да направат некоја грешка
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Сексот - табу тема?   

Вратете се на почетокот Go down
 
Сексот - табу тема?
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Чек дис аут :: Начин на живот :: Љубов и секс-
Отиди до:  
Free forum | Art, Culture and Leisures | Creative leisure | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Sosblogs