Семејство не е семејство ако покрај слогата и разбирањето кое ги носи со себе, од време на време не подлегне на некои проблеми.
Во темава ќе дебатираме за тоа колку се семејните проблеми корисни во зајакнувањето на односите на членовите во семејството?
Дали и покрај раздорот кој го прават, сепак можат да се сметаат како причина плус во развојот на едно семејство и негово комплетирање?
Исто така, во темава ќе пробаме и да решиме некој семеен проблем доколку некој од нас го има.
Повелете, искажете ги своите ставови и евентуалните проблеми.