| Генетски инжињеринг | |
|
|
Автор | Порака |
---|
Descendant
Мислења : 9 Регистриран : 2010-01-05
| Предмет: Генетски инжињеринг Јануари 9th 2010, 19:30 | |
| Во последно време сме сведоци на голем број научни достигнувања и секое од нив е важно на свој начин. Колку според вас генетскиот инжињеринг и општо достигнувањата во генетиката се важни за подобрувањето на животот. Кои се позитивните, а кои негативните последици од основањето и развивањето на генетиката како наука или на генетскиот инжињеринг? | |
|
| |
Diva
Мислења : 70 Регистриран : 2010-01-04
| Предмет: Re: Генетски инжињеринг Јануари 10th 2010, 13:15 | |
| Мислам дека колку добро има толку и лошо има. Нормално дека што повеќе се знае во областа на генетиката, ќе бидеме многу поспремни да се одбраниме од наследни болести (тоест да спречиме нивно развивање). Па зошто да не и да се смени нешто во гените за да не дојде до наследување на болести и слично (не знам дали е ова можно, трескам на памет, ама и да не е можно се уште, кој знае еден ден можеби...). Е сега секогаш има некој кој ќе ја злоупотреби науката па менувањето на гените што го спомнав погоре може да биде за некоја злобна цел. Сепак треба да има некои граници колку ќе се дозволува да се оди напред. На пример одобрувам клонирање на животни ама не и на човек. | |
|
| |
Descendant
Мислења : 9 Регистриран : 2010-01-05
| Предмет: Re: Генетски инжињеринг Јануари 10th 2010, 18:20 | |
| Генетскиот инжињеринг претставува едно од моќните оружја на човештвото, но за разлика од повеќето кои се само со деструктивна моќ, оваа технологија има многу свои предности. Главната цел на генетскиот инжињеринг е подобрување на општата состојба на човештвото, но доколку се злоупотребат познавањата, во тој случај би можела да значи и крај на нашето постоење.
Би ја запрашал Дива зашто одобрува клонирање на животни, а не и на луѓе? | |
|
| |
Diva
Мислења : 70 Регистриран : 2010-01-04
| Предмет: Re: Генетски инжињеринг Јануари 10th 2010, 19:17 | |
| Затоа што со клонирањето на животните можеме да зачуваме голем број видови кои се загрозени, тоест ќе го спречиме нивното исчезнување. А клонирањето на луѓе наметнува голем број етички и морални прашања. Ако клонирам животно, тоа има свест некоја дека нема татко, мајка, дека е неприфатено во општеството пошто не е родено по нормален пат...? Кај човекот тоа е многу покомплицирано. Еве да не судам толку, ако човечкиот вид е загрозен и е во фаза на изумирање, одобрувам клонирање на луѓе само со цел да се зачува видот. Ама сега вака не. | |
|
| |
Descendant
Мислења : 9 Регистриран : 2010-01-05
| Предмет: Re: Генетски инжињеринг Јануари 10th 2010, 20:16 | |
| Значи во ниту еден момент генетиката не би пристапила кон клонирање само поради забава. Јасно е дека како и во секоја експериментална наука и тука можно е да се направат грешки, но ништо од тоа не се случува поради забава на некој луд научник кој имал вишок лабораторија, пари и време Се согласувам со етичкиот аспект, но сепак при клонирањето на луѓето се добиваат многу нови можности. Секогаш би имало решение на многу здравствени прашања. Секогаш би имало соодветен донор на некој орган итн. Значи во денешно време етичкиот аспект е во ред. Нема клонирање, никој не се прашува зашто живее во некои чудни услови, но затоа тука се многуте здравствени проблеми за кои свесни сме дека нема никакви решенија. Никогаш општеството нема да функционира совршено, но многу би било поубаво кога би знаеле дека за многу болести постои лек. | |
|
| |
Diva
Мислења : 70 Регистриран : 2010-01-04
| Предмет: Re: Генетски инжињеринг Јануари 11th 2010, 00:42 | |
| - Descendant напиша:
- Значи во ниту еден момент генетиката не би пристапила кон клонирање само поради забава.
Јасно е дека како и во секоја експериментална наука и тука можно е да се направат грешки, но ништо од тоа не се случува поради забава на некој луд научник кој имал вишок лабораторија, пари и време
Како тоа генетиката? Никој поради забава нема да го прави тоа ама тоа не значи дека нема да се злоупотребат сознанијата. Исто како што сознанието за атомската бомба е големо ама има и такви кои го злоупотребуваат тоа. Па така и во генетиката. - Descendant напиша:
- Никогаш општеството нема да функционира совршено, но многу би било поубаво кога би знаеле дека за многу болести постои лек.
Се согласувам за ова ама лекот не треба да биде на сметка на некој друг. Не можеме да произведуваме луѓе на лента а после да ги фрлиме | |
|
| |
Publisher
Мислења : 67 Регистриран : 2010-01-02 Возраст : 31
| Предмет: Re: Генетски инжињеринг Јануари 11th 2010, 00:57 | |
| Diva се согласувам и со тебе, но и со Descendant. Ако тргнеме од фактот за етичките причини, има многу да се кажува за клонирањето на луѓето. Јас би рекол дека најдобро е клонирањето да застане со органи на луѓе, со што мислам дека многу лекувања ќе бидат успешни. Трансплантацијата на органи не мора да подразбира и клониран човек. Доволен е само органот, нели? Како и да е, генетиката е наука со која нема зафркавање. Убаво е да се оди напред, но секое нешто има граница. | |
|
| |
Descendant
Мислења : 9 Регистриран : 2010-01-05
| Предмет: Re: Генетски инжињеринг Јануари 11th 2010, 02:12 | |
| - Diva напиша:
Се согласувам за ова ама лекот не треба да биде на сметка на некој друг. Не можеме да произведуваме луѓе на лента а после да ги фрлиме Па не би се произведувале "инстант" луѓе. Што има лошо во тоа во едно семејство, покрај оригиналот, да живее и клонот како нормален член на истото. Кога веке постојат еднојајчани близнаци и функционираат совршено, зашто тоа да не е така и во случајот со клонирањето? | |
|
| |
Diva
Мислења : 70 Регистриран : 2010-01-04
| Предмет: Re: Генетски инжињеринг Јануари 11th 2010, 22:32 | |
| - Descendant напиша:
- Diva напиша:
Се согласувам за ова ама лекот не треба да биде на сметка на некој друг. Не можеме да произведуваме луѓе на лента а после да ги фрлиме Па не би се произведувале "инстант" луѓе. Што има лошо во тоа во едно семејство, покрај оригиналот, да живее и клонот како нормален член на истото. Кога веке постојат еднојајчани близнаци и функционираат совршено, зашто тоа да не е така и во случајот со клонирањето? Ама еднојајчаните близнаци се родени од една мајка( и родени се). Што ќе му речеш ти на клонот, зошто си го направил? За во случај да не ти затреба некој орган? | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Генетски инжињеринг | |
| |
|
| |
| Генетски инжињеринг | |
|