Diva
Мислења : 70 Регистриран : 2010-01-04
| Предмет: 1001 Ноќ Јануари 5th 2010, 19:29 | |
| Приметувам дека серијава стана доста популарна, ја гледа секој, дури и оние кои никогаш не сум помислила дека би седнале да гледаат серија. Што мислите вие за оваа серија? Јас лично не ја гледам (освен кога сум приморана) бидејќи не ми е по вкус. Иста е како шпанска серија само што е туркска и синхронизирана на македонски што мислам дека е најголем минус за серијава. Синхронизацијата и онака не ми се допаѓа, зашто мислам дека тогаш глумата на актерите не може да дојде до израз. Вака ми изгледа како создадена за баби и дедовци (иако сите ја гледаат) | |
|
Publisher
Мислења : 67 Регистриран : 2010-01-02 Возраст : 31
| Предмет: Re: 1001 Ноќ Јануари 5th 2010, 21:45 | |
| Не ја гледам ниту јас, иако кај мене дома за време на емитувањето на секоја епизода настанува потполна тишина. Сите пред ТВ и гледаат Шехерезад. Не ми се допаѓа синхронизацијата, иако мислам дека тоа е главната причина поради која толку луѓе се навлекоа на неа. Синхронизација може да се направи, меѓутоа не вака непрофесионално. Во репликите не се воведени никакви емоции со што се губи значењето на она што го гледаме, затоа што е тотално различно од она што го слушаме. Сепак, можно е да е и до приказната што серијава ја прави така популарна. Луѓе кои како што спомна Diva никогаш не гледале серии, за оваа кажуваат дека е доста интересна. | |
|
Tina
Мислења : 3 Регистриран : 2010-01-09 Возраст : 36
| Предмет: Re: 1001 Ноќ Јануари 10th 2010, 02:12 | |
| Серијата е многу добра и додека се емитуваше во Турција беше вистински хит. Дури и летово повторно се емитуваше, што е доказ дека своевремено била доста популарна. Турските серии во суштина се доста добри и професионално направени, но проблемот со оваа серија кај нас е во синхронизацијата која е непрофесионална. Да не е синхронизацијата, мислам дека би била далеку подобра. Освен тоа, има доста грешки во преведувањето. Некои работи не треба да се преведат буквално, мора да се пренесат во духот на нашиот јазик за да се избегнат смешни ситуации, како на пример: г-дине Бурхан на сопствениот маж да му речеш сопствениот маж тука, кај нас, ќе предизвика смеа, зафрканции и сл., но таму, кај нив, тоа е сосема нормално и природно. И така, јас си ја сакам. | |
|