HomeПрашања/ОдговориБарајЧленовиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Поларни температури во Велика Британија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Publisher

avatar

Мислења : 67
Регистриран : 2010-01-02
Возраст : 25

ПишувањеПредмет: Поларни температури во Велика Британија   Јануари 8th 2010, 20:24

Најниската температура во историјата на земјата е измерена во 1895 година, кога живата во термометрите се спуштила до минус 27 степени, во реонот на Абердин во Шкотска, што се повторило уште двапати, во 1982 и во 1995 година.
Температура под минусот е измерена во речиси целата земја. Најстуден град и понатаму е Манчестер, каде во текот на ноќта се измерени минус 15 степени, а додека во Шкотска и поголемиот дел од Англија температурата се движеше околу минус 10 степени. Во Лондон нема многу снег, но температурата е само малку под нулата и така се најавува дека ќе биде и во следните неколку денови. Британската метеоролшка служба соопшти дека студот ќе продолжи да ја држи окована земјата во снег, барем уште целата следна недела, за кога се очекуваат нови снежни
врнежи.
Како последица на снегот и големиот студ, досега во земјата починаа 22 лица, за кои полицијата соопшти дека се жртви во разни инциденти. Преку 10 илјади училишта низ целата земја и понатаму се затворени за настава, а од денеска е прекината испораката на гас на преку 100 британски фабрики, за да се зачуваат резерви за домаќинствата што оваа зима трошат невообичаено многу гас поради големиот студ. Ова е првпат, по 20 година да се нареди прекинување на испораката на гас за
индустријата.
Најголеми проблеми и понатаму има во патничкиот сообраќај поради мразот и студот, што предизвикува коловозите дури и на исчистените патишта да се лизгави. Дежурните служби фрлаат индистриска сол и ситен песок, но ниските температури не дозволуваат патиштата да се ослободат
од мразот и да бидат проодни. Сообаќајната полиција ги повика возачите да не ги користат своите автомобили и да не тргнуваат на пат, ако за тоа немаат некоја поголема потреба. Многу железнички линии и натаму се оддржуваат со големи промени во возниот ред и задоцнувања во пристигнувањата, додека сите возови што сообраќаат околу Лондон и неговите поблиски и подалечни населби го изменија возниот ред, прекинувајќи го сообраќајот многу порано, во вечерните часови, од вообичаеното време.
Возовите „Еуростар“ што сообраќаат меѓу Лондон и Париз и Брисел, минувајќи низ тунелот под Ламанш, одново имаат проблеми со студот и опременоста на локомотивите за вакви зимски услови, откако една композиција остана вчера заглавена под морското ниво, некоку часови. Управата на железницата во Лондон соопшти денеска дека овие возови меѓу британските острови и континентот ќе сообраќаат со намалено темпо, додека не се стабилизира временската ситуација. Сите британски аеродроми денеска се отворени, но нивните управи им порачуваат на патниците да не тргнуваат кон аеродромите пред претходно да се информираат за тоа дали нивниот лет не е откажан, или неговото
полетување не е поместено за друго време. На новиот терминал на Хитроу во Лондон има проблеми со багажот, затоа што поради лошото време, работниците во тој сектор не можат навреме да пристигнуваат на работа. Управата на петтиот терминал на аеродромот соопшти дека ќе им ги
испорачува дома торбите на патниците, за да не се создава турканица по аеродромските згради.


Интересна зима оваа година. Да се надеваме дека нема да ги имаме проблемите на Британците

_________________
This is the way you left me, I'm not pretending
No hope, no love, no glory, no happy ending...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://checkthisout.forumotion.com
Diva

avatar

Мислења : 70
Регистриран : 2010-01-04

ПишувањеПредмет: Re: Поларни температури во Велика Британија   Јануари 10th 2010, 19:43

Мислев дека глобално се затоплуваме ама очигледно глобално замрзнуваме
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Поларни температури во Велика Британија
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Чек дис аут :: Македонија и свет :: Вести-
Отиди до:  
Forumotion.com | © phpBB | Free forum support | Контакт | Report an abuse | Free blog